Во својот годишен извештај за квалитет на водата за капење Европската агенција за животна средина објави дека најчиста вода за капење има на Кипар.
Грција со 97 отсто од водата во пливачките зони, кои се оценети како незагадени, се наоѓа на четвртото место, а Италија на последното.
Според податоците, 97 проценти од водата во пливачките зони во море, оценето е како исклучителна и тоа според строги критериуми на Европската агенција за животна средина, додека 1,1 отсто е прогласена за „добра“.
За време на изработката на извештајот е проценуван квалитетот на плажите за капење низ Европа, вклучително и речните и езерските. Само во Грција минатата година имало 1.598, што чини 7,2 отсто од водата за капење во Европа.
Во ЕУ 85 проценти од водата на плажите за капење е оценета за чиста, додека 95,4 отсто од 21.831 локација, во 28 земји членки, колку што биле набљудувани, го задоволиле минимумот стандарди за квалитет според правилата на ЕУ.
Според квалитетот на плажи со исклучително чиста вода за капење, на прво место е Кипар со 99,1 отсто, на второто место е Малта со 98,9 проценти, додека на третото местто е Австрија со 97,3 проценти од плажите со вода со висока квалитет. Со своите 97 проценти Грција го заеде 4. место на оваа листа.