14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за чистката на администрацијата: Некој ќе добие отказ, некој ќе оди во затвор, а некој ќе добие нов мандат

Таа што не е квалитетна администрација ќе им се заблагодариме, не може да им ги трошат парите на граѓаните за плати и нешто да не работат, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата Отворено на тв24.

Тие што чуваат предмети, што најлесно им кажуваат не на граѓаните, што не се потрудуваат да им служат на граѓаните, тие не треба да бидат јавна администрација тие треба да си бараат работа на друга место. Граѓаните плаќаат давачки, граѓаните се нашите работодавачи, дециден е премиерот Зоран Заев.

Дури и на судиите, судиите земаат плата од даноците на граѓаните што ги плаќаат. Премиерот министрите, пратениците, сите јавната администрација..

Законите како што се создадени, со ова што денеска го имате транспарентно, отворено комплетно за се, сам ќе се прочисти системот. Некој ќе носи кривична одговорност и ќе оди во затвор, некој ќе му биде дадено отказно решение, на некој ќе му биде потврден втор мандат да биде дали ет оа обвинител, судија, пратеник или било што, рече премиерот Зоран Заев.

– Еден дел од реформата на јавната администрација има за цел да ги намали работните позиции во администрацијата, делот на позициите кои што се систематизирани по систематизациите не се потребни, само фигурираат само затоа што треба некој да зема плата и ништо да не работи мора да ги укинеме. Тие ќе имаат своја понуда каде ќе бидат насочени да им биде понудена работа, државата ќе ги понуди со тренинг, ќе им даде поддршка на приватните фирми за да може да ги привлечат. Ќе дојде и времето, а доаѓа кога приватниот сектор нуди повисоки плати за средно образование од државниот сектор, рече Заев.

Премиерот Зоран Заев најави дека нема да има реваншизам при рационализацијата на администрацијата.

– Заради политички рефаншизам, заради политички неистомисленици нема да има бркање од работа, но ќе има рационализација на јавната администрација, дециден е премиерот.

Спонзорирано: