Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев се сретна со стипендисти на германска економска програма

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со стипендисти од нашата држава, од стипендиската програма на Комитетот на германското стопанство за Источна Европа, којашто се реализира во соработка со Фондацијата „Зоран Џинџиќ“, поддржана од германското Сојузно министерство за економска соработка и развој. Стипендистите на програмата беа придружувани од претставничката од економскиот одел на германската амбасада, Марина Серафимовска.

На средбата младите луѓе споделија искуства од нивната работа во компании во Германија и мислења за применливи практики во нашата земја, во бизнис-секторот, образованието, науката, со оглед дека тие денес живеат, учат и работат во државава.

Заеднички е констатирано дека младите луѓе се една од важните движечки сили на општеството и дека е од исклучително значење e мотивацијата на младите луѓе да придонесуваат во развојот на државава. Тоа, како што беше заеднички констатирано, е можно со отворање простор за работа, за реализација на нивните идеи, со поставување стручни кадри на соодветни позиции, со почитување на нивното знаење и иницијативност, како во државните институции, така и од страна на менаџментите на компаниите.

„Владата е силно посветена да ги унапреди можностите за младите луѓе во Република Северна Македонија да ги гледаат перспективите за работа и образување. Тоа го правиме преку насоченоста кон отворањето нови работни места, можностите за инвестирање во стартап-претпријатија, преку фондовите за иновативни идеи, привлекувањето странски инвеститори и можностите за работа во познати големи светски компании, за чиешто инвестирање во земјава се водат разговори. Посветеноста на НАТО и европските интеграции е пред се да ги мотивираме младите луѓе да сакаат да учат и работат во својата земја“, рече премиерот Заев.

На средбата беше истакнато дека се гледа потенцијал кај младите луѓе во Република Северна Македонија, за што говори и бројката од 91 добиена стипендија на млади луѓе од земјава од 2007 година до денес, во рамки на програмата предвидена за земјите од регионов.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: И во април 2026 ќе има линеарно зголемување на пензиите со тоа се намалува „џини-коефициентот“ и сиромаштијата кај оваа група граѓани

ДЕСК

Ужас во Скопје: Двегодишно дете со прострелна рана во главата донесено на интензивна – се бори за живот

ДЕСК

Крвав инцидент среде Скопје за новогодишната ноќ: Еден загинат, еден тешко повреден

ДЕСК