3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Заев лажеше кога велеше дека Македонија ќе добие датум

Зоран Заев прокоцка цела година во лаги и манипулации дека Македонија добила датум за преговори, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој, споделувајќи видео од говор на премиерот на 2 јули минатата година, посочи дека Заев тогаш изјавил дека Европскиот совет никогаш повеќе нема да се навраќа на Македонија за да утврдува датум за преговори.

„И повторно Заев навлегува во нови лаги, дека ова бил најдобриот извештај, а лани нели беше најдобар и беше добиен датум поради тој извештај, и сега чека повторно ЕУ да му испорача! А советот и лани порача дека ќе се наврати на Македонија за да ги провери реформите, и Заев тоа и тогаш и сега го знаеше. И повторно ништо не сработи! Замислете, Зоран Заев убедува дека ЕУ треба да му испорача! Заев во својата самозаљубеност, во самоблескањето, во самокристалот, вели Германија, Меркел требала нему да му испорача тоа што му го ветила“, рече Стоилковски.

Според опозицијата, Зоран Заев ѝ нанесува штета на државата. За ЕУ се потребни реформи, а за неуспехот со ЕУ виновни се политиките на премиерот, заклучи Стоилковски и додаде дека Заев треба да замине од функцијата.