Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заем од 15,3 милиони евра за трите нови патарини

На Бирото за јавни набавки е објавен оглас за прибирање тендерски понуди во вредност од 15,3 милиони евра за изградба на три нови патарини со електронска наплата на наплатните рампи за коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип. Парите ќе се обезбедат со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Станува збор за патарините „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци – Штип, како и идната патарина „Арбиново“ на автопатот Кичево – Охрид.

Изведувачите треба да воведат електронска наплата на патарините „Миладиновци“, „Глумово“, „Желино“, „Тетово“ и „Гостивар“ меѓу Скопје и Гостивар. Со тоа на возачите ќе им се овозможат со таг и електронска картичка за да ги плаќаат патарините на сите наплатни рампи низ земјава.

Реализацијата на договорот се очекува да почне во октомври годинава, а најмногу за една година да се изградат трите нови патарини и да се примени електронската наплата.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК