8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во Македонија работите тргнаа на подобро: Во приватниот сектор се отвораат сѐ повеќе работни места, објави Костадинов

После деценија економска стагнација во времето на ВМРО-ДПМНЕ, економијата сега е стабилна и се движи во нагорна линија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Костадинов.

„Во првиот квартал од годинава, брутодомашниот производ порасна за 4,1 отсто. Tоа е највисок раст на економијата во последниве неколку години. Стапката на невработеност е намалена на 17,8 отсто. Toa е историски најниско ниво на невработеност од независноста па до денешен ден. Со растот на инвестициите и активните мерки за вработување, за помалку од две години, отворени се близу 50 000 нови работни места“, рече Костадинов.

Тој додаде дека само преку Оперативниот план за активни мерки за вработување, во 2018 биле вработени околу 6.500 лица од кои најголем број, или над 50 отсто, се млади лица до 29 години.

„Со пилот програмата Гаранција за млади, минатата година 1.839 млади се вработиле во период од само 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица. Во периодот кој што ни претстои очекувано е ваквите позитивни трендови дополнително да се интензивираат и економијата да продолжи да расте. Позитивно и охрабрувачки е што се повеќе работни места се отвораат во приватниот сектор“, изјави Костадинов.

Тоа е особено важно, додаде тој, бидејќи приватниот сектор е движечка сила за одржлива економија на долг рок.