Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Драстичен пад на цените на бензинот и нафтата

Бензинот поевтинува за 3 денари, додека дизелот за 2,5 денари по литар соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Според новите цени едно литро Еуросупер 95 на бензиннските станици во Македонија од полноќ ќе чини 66,50 денари, додека Еуросупер 69 денари, а нафтата ќе се продава за 60 денари по литар.

Оваа одлука ги намали нафтените деривати за 4,18 проценти, во однос на претходната седмица.

Ова е трета недела по ред откако горивата почнаа да поевтинуваат,а се доаѓа по новиот Закон за енергетика кој со месеци не сакаше да го потпише екс-претседателот Ѓорге Иванов, а стапи на сила веднаш откако беше потпишан од страна на новиот претседател.

Можеби ќе ве интересира

Македонците масовно почнаа да пазарат храна во соседните држави – Популарните ланци маркети во Лерин и Врање преполни со македонски граѓани

ДЕСК

Државата дели и до 10.000 евра за почнување на нов бизнис! – Познато е кој може да аплицира

ДЕСК

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

ДЕСК