Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Невработеноста е на рекордно ниски 17,8 отсто, градиме силна економија

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат пад на невработеноста која во првиот квартал од 2019 година изнесува 17,8 отсто, соопштија од владејачката СДСМ.

Според партијата, ова е историски најниска стапка на невработеност.

„Успешните економски политики, активните мерки за вработувања и конкурентната економија, даваат позитивни резултати врз намалувањето на невработенста. За помалку од две години, стапката на невработеност е намалена за 4,8 отсто, а во истиот период отворени се над 49.500 нови работни места“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека извесното членство во НАТО и напредокот во интеграцијата кон ЕУ дополнително ќе го засилaт позитивниот тренд на намалување на невработеноста.

„Реални, официјални податоци ја потврдуваат успешноста на економските политки на Владата предводена од СДСМ. Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што носат економски раст и развој, нови работни места и повеќе пари во секое семејство“, истакнуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК

Високите цени на дизелот закотвија половина од холандската рибарска флота

C +

Дали треба да има скратена работна недела? Ако се усвои оваа мерка македонските граѓани ќе работат 4 наместо 5 дена за иста плата

ДЕСК