Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две девојки повредени при судир на мотоцикли во Прилепско

Во прилепскиот регион во попладневните часови на 8 јуни се случила сообраќајна незгода меѓу мотоцикли при што повредени се две девојки.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила на крстосницата на влезот за прилепското село Галичани. Во судирот учествувале мотоцикл „Херк“ без регистарски ознаки, управуван од 32-годишен жител на Кадино Село и мопед „Вилта Ревилт“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишна девојка од селото Галичани.

Во сообраќајната незгода со тешки повреди се здобила сопатничката на мопедот, а малолетната девојка што го управувала се здобила со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Прилеп.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК