Centar.mk
БИЗНИС

Заев објави: Го стабилизиравме пензинскиот фонд

Во овие две години за околу 720 денари се зголемени пензиите. Знаеме каков бил просекот на пензијата знаеме колку сега, сепак тоа е малку, рече Заев во вечерашното гостување на МРТ.

Заев објави дека се работи да маме пензински систем кој ќе има пари за пензии на сегашните корисници кои работат, а не само на сегашните пензионери. Ние го стабилизиравме пензискиот фонд, потенцираше премиерот Зоран Заев.

Премиерот соопшти и дека се донесени мерки со кои се намалени дел од трошоците на граѓаните.

– Каматите паднаа на кредитните линии, трошоците ги намаливме на многу места, ефтина тарифа на струјата рече премиерот Зоран Заев, најавувајќи дека ќе продолжат ваквите мерки.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска откри пак дека во 2017-та година кога СДСМ дошла на власт од претходната Влада немало предвидување никакво покачување на пензиите, што потоа било направено со ребалансот кој го донесе мнозинството предводено од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК