9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Арсовски: Тендерската постапка за стерилизација е криминална

Тендерската постапка за стерилизација е криминална. оцени портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски рече дека и покрај тоа што Венко Филипче тендерот го нарекува, ‘Интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции’, сепак се работело за приватизација на стерилизацијата на хируршките сали и инструменти во сите здравствени институции во Македонија.

Портпаролот на најголемата опозициска партија побара од министерот да одговори дали до сега стерилизацијата не се изведувала според највисоки европски стандарди, како и дали тендерската процедура фаворизира една странска компанија, која имплементира ваков проект на приватизација на стерлизацијата во здравството во соседна Албанија. Понатаму Арсовски праша дали не случајно се исклучени сите компании од Македонија, со барањето од тендерот да имаат вкупен годишен промет во последните 3 фискални години, кој не помал од 30 милиони евра како и дали против компанијата која ја фаворизира Министерот Филипче, постои судски процес во Италија и во Албанија.

„ Дали компанијата кој ја подготвува Министерот да добие на тендерот, ќе има ексклузивни права за стерилизација на целата територија на Македонија? Дали со тоа се планира да пропаднат и да згаснат 25 до 30 економски оператори кои што постојат моментално на пазарот во Република Македонија?“, дополнително праша Арсовски.

Опозцијата вели дека според начинот на кој што е подготвен последниот тендер за стерилизција, ќе добиеме приватна компанија со монопол да ја добие грижата за стерилизацијата на зафатите во здравствените институции.

„Станува збор за област за која во иднина приватна фирма ќе треба да набавува хируршки инструменти, облека за лицата кои влегуваат во операциска сала, дезинфекција на салите, до грижа за медицинскиот отпад“, додаде Арсовски.

Спонзорирано: