Centar.mk
ИЗБОРСПОРТ

Самсоненко: За каков крај зборувате, со Вардар ќе освојам и трета титула

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко е презадоволен од сработеното на ракометарите на Вардар и секако на европската титула која Македонија ја направи горда.

– „Зошто сите зборуваат за некаков крај на Вардар? Зошто сите мислат дека ја знаат ситуацијата во Вардар? Никој не ја знае ситуацијата најдобро бидејќи сето тоа се само гласини, сплетки… Вистинската информација која е точна е дека освоивме втора титула во третото учество во Келн и не е така лошо бидејќи можевме три од три. Не успеавме лани, па сега Вардар треба да почне со работа за четврто учество во Келн и за трета титула“, изјави Самсоненко после освоената круна, јавува 24ракомет.мк.

Во однос на писмото кое го објави пред Пик Сегед дека ќе си замине од клубот исто така со интересен одговор.

– „Ние игравме добро против Пик Сегед и имавме резултат. Што и како се случуваше друго останува во клубот“, изјави Самсоненко.

Можеби ќе ве интересира

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

ДЕСК

ХОРОСКОП ЗА 8 НОЕМВРИ: ПАРИ ЗА ЕДЕН ЗНАК, ЉУБОВНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ДРУГ – Неделата носи одлуки што долго се одложувале

ДЕСК

Нова спортска приказна за салата „Македонија“ во Прилеп

ДЕСК