Centar.mk
СПОРТТОП ВЕСТИ

Познато кога ќе слета Вардар – Град Скопје ќе го плати и летот, ќе организира прослава на плоштад и ќе им додели парична награда на ракометарите

По измените со летот, ракометарите на Вардар кои цела Македонија ја направија горда со освоениот трофеј синоќа, ќе пристигнат во 18 часот и 50 минути во Скопје.

Како што најави градоначалникот Петре Шилегов на Плоштадот Македонија ќе се организира дочек на ракометарите за што се одвоени 2 милиони денари, а ракометарите од Градот ќе бидат наградени со 6 милиони денари.

Инаку, Вардар стана европски шампион по втор пат, натпреварот беше драматичен и полн возбуда, а по него вистинска среќа и еуфорија.

Во финалето, црвено-црните го совладаа Веспрем со 27-24.

Можеби ќе ве интересира

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

ДЕСК

Нова спортска приказна за салата „Македонија“ во Прилеп

ДЕСК

ШК Алкалоид ја освои својата 28. титула, 14 во низа!

ДЕСК