Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожар во џамија во село Рашче

Вчера попладне настанал пожар во џамија во скопското село Рашче. За неполн час пожарот бил изгаснат а повредени нема, соопшти МВР.

„На 02.06.2019 година во 16,20 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во џамија во с.Рашче-скопско. Според пријавеното опожарен бил горниот дел од минарето. Во 17,15 часот пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема и други оштетувања на џамијата нема, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Студени утра и дождлив ден низ целата земја – некаде ќе врне снег

ДЕСК

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК