Многу едноставен рецепт за сос од јогурт со пиперка. Ќе ве воодушеви!
Состојки:
- 1 свежа зелена пиперка
- мала главица кромид
- 2 лажички вински оцет
- 2 дл јогурт
- сол
- 1/2 лажичка мелена црвена пипер
Начин на подготовка:
Иситнете ги пиперката и кромидот, додајте оцет, сол и црвена пипер.
Јогуртот разматете го да стане лесен, измешајте ја подготвената маса.
Послужете со јадење од месо.
Добар апетит!