23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Отворање на изложбата „Филмовите што ги сакавме“

Државниот архив на Република Северна Македонија и Историскиот архив на Пожаревац на 3 јуни во Скопје ќе потпишат меморандум за соработка, а истиот ден во Скопје ќе биде отворена изложбата на филмски плакати и рекламен филмски материјал, со наслов „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“, изработена од Историскиот архив на Пожаревац.

Изложбата се состои од 64 паноа, со димензии 70 см х 100 см, на кои се претставени 180 постери, односно рекламни филмски флаери и претставува своевиден омаж на историјата на југословенскиот филм. Таа го следи развојот на домашната кинематографија во тогашна ФНРЈ, односно СФР Југославија, во периодот меѓу 1947 и 1980 година.
Отворањето на изложбата „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“, која ќе биде збогатена со уште десет паноа за македонската кинематографија, подготвени од Државниот архив и Кинотеката, ќе се случи на 3 јуни (понеделник) во 12:00 часот, во Кинотеката на Република Северна Македонија.

Изложбата ќе може да се види во Кинотеката на Република Северна Македонија во периодот од 3 до 17 јуни 2019 година.

На потпишувањето на меморандумот, како и на отворањето на изложбата ќе присуствуваат: Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац, Бојан Илиќ, претседател на Собранието на Град Пожаревац, Ненад Петровиќ, помошник-градоначалник на Пожаревац иДејан Крстиќ од Градскиот совет на Пожаревац, а пред присутните ќе се обратат Кирил Петров, директор на Државниот архив, и Владимир Ангелов, директор на Кинотеката на Република Северна Македонија.

Исто така ќе биде прикажан и филмот „Пула 56“ во режија на Славко Јаневски, и инсерти од југословеснката филмска продукција 45 – 81, а за својот влог во оваа jугословенска и македонска кинемтаографија ќе зборува и Данчо Чеврески а исто така ќе бидат истакнати и дел од наградите кои македонските филмски работници ги имаат освоено и претставуваат континуитет до најголемото филмско признание што македонската кинематографија го има освоено Златниот лав на Милчо Манчевски „Пред дождот“, кој исто така ќе биде истакнат.