Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Од утре забрана за плаќање со готовина на износ над 500 евра

Од утре ќе биде забрането плаќање со готовина на стоки и услуги во вредност над 500 евра, според новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам.

„Од 1 јуни 2019 година, забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 од овој закон, ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги“, гласи одредбата од Законот.

Во истиот член, исто така, се пропишува дека забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 од овој закон ќе се однесува на готовински плаќања во износ од 1.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Во членот 48 од Законот на кој упатува членот 182 се пропишува дека се забранува плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 2.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Забраната од ставот не се однесува на приредувачите на игри на среќа.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години

ДЕСК

СДСМ: Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

ДЕСК