Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

САД наметнуваат такса од пет проценти за производите што доаѓаат од Мексико

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави такса од пет проценти за производите што доаѓаат од Мексико, со цел да се изврши притисок врз земјата да направи повеќе за сузбивање на мигрантите од Централна Америка кои се обидуваат да ја преминат границата со САД.

Тој објасни дека таксата постепено ќе се зголемува додека не се реши проблемот со илегалната миграција.

„САД од 10 јуни ќе наметнат такса од пет проценти на производите кои од Мексико доаѓаат во нашата земја, сè додека илегалната миграција од таа во нашата земја не биде стопирана“, изјави Трамп.

Претседателот на САД ја обвини владата во Мексико дека не прави доволно за стопирање на мигрантскиот бран што доаѓа од Салвадор, Хондурас и Гватемала.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНО ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ МАРЖИ – Дурмиши не ја исклучува мерката за основните производи

ДЕСК

ВЛАДИНАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА ДОСТИГНА 59.149 ДЕНАРИ – Зголемување од 942 денари за еден месец

ДЕСК

НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО МУ ТРЕБААТ 70.827 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО – Синдикалната кошничка повторно поскапе

ДЕСК