Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вработен во Македонски Пошти си присвоил пензии на граѓани во вредност од 223 илјади денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 50 годишник од село Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, ,,проневера во службата“ и „фалсификување исправа“.

Во текот на јануари 2019 година пријавениот, како вработен во АД ,,Македонски пошти“, фалсификувал потписи на 23 налози за исплата на пензии, по што ги присвоил паричните средства наменети за корисниците, со што се стекнал со противправна имотна корист од 223.533 денари.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК