Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нема дерман од невремето, доаѓа нова тура дожд и пад на температурите – УХМР издаде ново метео предупредување

Следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи претежно во попладневните часови. Особено поинтензивни процеси со локално невреме и појава на град се очекуваат во петок и за време на викендот.

Поради северен ветер од петок дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, се вели во метео предупредуањето на УХМР.

Прогноза за 01.06.2019
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 21°С до 28°C
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилен ветер.

Прогноза за 02.06.2019
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 19°C до 26°C
Претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд проследени со грмежи. Локално во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Прогноза за 03.06.2019
Минимална температура: 8°C до 14°C
Максимална температура: 20°C до 27°C
Променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд проследени со грмежи. Локално во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Користени податоци на Управата за хидрометеоролошки работи на Северна Македонија

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМ ЗА ВРЕМЕТО: Четврток носи пообилни врнежи и грмежи – објавена е четиридневна прогноза

ДЕСК

Ова е најновата вчерашна објава на Никола Груевски на социјалните мрежи, после тоа го нема

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК