Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нов земјотрес почуствуван во Македонија

Изутринава бил почувствуван земјотрес во околината на Пехчево со јачина од III степени според Европската макросеизмичка скала. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, во 3:51 часот е регистрин земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 13 километри северозападно од Пехчево.

„Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.3, а беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала”, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

До крајот на работната недела сонце, а потоа промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Агресивно се однесувал кон полицајци – веднаш е приведен

ДЕСК

Отишол во полиција и побарал да му извадат уште една возачка дозвола – еве што му се случило потоа

ДЕСК