17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКАИЗБОР

Огромен астероид денеска ќе помине покрај Земјата – научниците информираат дали тоа ќе влијае врз планетата

Повеќето камења од универзумот кои прелетуваа во близина на Земјата се осамени патници на својата рута околу сонцето, меѓутоа астероидот кој ќе помине покрај нашата планета денеска е сосема поинаков.

Имено, астероидот наречен 1999 KW4 е двојно поголем/ Научниците сметаат дека примарно, телото е широко околу километар и половина и доволно е голем да има помал астероиден месец во својата орбита. Помалиот месец во орбитата на големиот камен и понатаму е значајно голем сам по себе, со повеќе од 400 метри. Ако овој двоен астероид би претставувал закана за Земјата, тогаш ние би имале сриозен проблем, но за среќа не е така.

Овој астероид нема да биде проблем ниту во иднината, а кога ќе помине покрај нас, тоа ќе биде на безбедна дистанца од околу 5 милиони килоемтри, што е повеќе од 13 пати оддалеченост меѓу Земјата и Месечината.