Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Генералниот секретар Кирацовски со честитка за 24 мај: Просветната и благородна дејност на Кирил и Методиј нека биде наш патоказ, да создаваме трајни вредности

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и ден на словенската писменост и култура упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија.

„ По повод Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и ден на словенската писменост и култура упатувам срдечни честитки до сите граѓани на нашата татковина.

Денес, со особена гордост, чест и достоинство имаме привилегија да го славиме делото словенските просветители Кирил и Методиј.

Со нивното дело, просветителите Кирил и Методиј оставија трајни, вековни вредности и ја одбележаа една од најважните епохи на христијанската и словенската цивилизација.

Благородната мисија на браќата Кирил и Методиј има уникатно историско и културно значење за македонскиот народ и за сите народи кои ја негуваат словенската култура и традиција.

Нивното просветно и благородно влијание нека биде наш патоказ, да создаваме вредности, да работиме за општо добро, за подобра иднина на сите граѓани.

Нека ни е честит 24 мај“.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +