Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во „Скопје ЗОО“ ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови

Деновиве, во „Скопје ЗОО“ почнаа подготовките за реновирањето на живеалиштето на морскиот лав, а беше подготвено и новото живеалиште за зебрите Јанош и Јашари, кои пристигнаа од Словенија и Чешка.

Во наредниот период, благодарение на спонзори и донатори, ќе се реновираат сите живеалишта каде што има потреба од подобрување на условите. Првин ќе се реновира реонот „Австралија“, односно живеалиштето на кенгурите и живеалиштето за лавови. Ќе се реновира и разубавува и просторот околу живеалиштата, па така, освен животните, и посетителите ќе имаат можност да уживаат во сосема нови катчиња. Во меѓувреме е завршено живеалиштето за шимпaнзата, а ќе почне да се гради и новото живеалиште за фламинга.

Можеби ќе ве интересира

Прегазен 93 годишен пешак во Скопје, пренесен во болница

ДЕСК

Муцунски на средба со францускиот министер делегиран за Европа, Бенџамин Адад

C +

Мицкоски: Во транзицијата од многумина сиромашни, станаа малкумина екстремно богати, затоа има разочарување и иселување, но само дома си е дома

ДЕСК