14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев: Покажавме како се решаваат спорови, ќе бидеме и модел за општество еднакво за сите

На првата од серијата јавни дискусии за националната стратегија за развој на концептот за едно општество, која се одржа денеска, се обратија премиерот Зоран Заев, министерката за правда, Рената Дескоска, како и првиот извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Алберт Муслиу.

Како што информираат од владината прес-служба, дебатата во која учество зеле претставници од граѓанскиот сектор и од државните институции, со внимание ја проследиле и претставници од дипломатскиот кор на земјата.

„Стратегијата е исцртување на една од главните карактеристики и вредности на Република Северна Македонија. Земја која во светот веќе се препознава по нашата определба да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики како посебност и суштина на нашето заедништво. Заедништво што се градеше со векови и кое претставува обврска за нашата заедничка иднина. Затоа со право се залагаме и велиме дека различностите на нашето општество ги сметаме за наша предност. Од Стратегијата ќе направиме жив инструмент за превенција од доминација на етноцентрична култура“, нагласил Заев во своето обраќање.

Тој информирал и за новите реформи кои се предвидени во основното и средното образование, кои имаат за цел да ја зголемат вклученоста на учениците со посебни образовни потреби, ученици од маргинализираните групи и средини и децата кои не биле вклучени во настава.

„Интеркултурализмот е пристап чија задача е да развива кохезивни граѓански општества преку трансформација на едно-димензионални во повеќедимензионални идентитети и преку развој на заеднички вредносен систем и јавна култура. Докажавме дека имаме политичка и општествена волја за решавање спорови. Можеме да докажеме дека умееме да бидеме модел и за успешно и функционално општество еднакво за сите“, посочил премиерот.

Министерката за правда, Рената Дескоска во своето обраќање посочила дека оваа Стратегија ги содржи насоките за градење општество кое целосно ќе го стесни просторот на националниот шовинизам и лажните вредности и поделби кои тој ги промовира.

Пораката која ја испратил извршниот директор на АДИ, Алберт Муслиу, е дека општествената инклузија, заснована на еднаквост, недискриминација и почитување на човековите права, ќе помогне во остварувањето на целите на стратегијата.

Јавни дискусии за Стратегијата се предвидени во Битола на 23 мај, во Кочани на 27 мај, во Струмица на 30 мај, во Кавадарци на 3 јуни, во Куманово на 7 јуни, во Струга на 11 јуни, во Гостивар на 14 јуни и во Скопје на крајот од јуни.

Спонзорирано: