8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

СДСМ со одлична вест за граѓаните: Се делат пари за набавка на нови пвц прозори

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции почнаа со реализација на мерките што имаат цел намалување на аерозагадувањето и надминување на деценискиот проблем со загадениот воздух. Од страна на Владата отворен е јавен повик за замена на нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти во најзагадените градови во Република Северна Македонија, соопшти СДСМ.

Право на учество на јавниот повик имаат градовите и општините каде што има висока концетрација на ПМ 10 и ПМ 2,5 честички. Истовремено, од Министерството за економија отворен е јавниот повик за субвенционирање дел од трошоците за набавка на сончеви колектори, алумински и ПВЦ-прозорци.

„Оние граѓани што ќе постават сончеви термални колекторски системи имаат можност да аплицираат и да добијат поврат на средства до 30 отсто од трошоците, но не повеќе од 15.000 денари, а граѓаните што ќе постават алумински или ПВЦ-прозорци ќе добијат поврат до 50 отсто од вкупната сума, но не повеќе од 25.000 денари.

На овој начин ќе им се помогне на граѓаните што сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност, но и да се префрлат на еколошки начин на затоплување, со што ќе влијаат врз намалување на загадувањето. За реализација на оваа мерка, обезбедени се 30 милиони денари.
Континуирано се преземаат мерки на краток, среден и долг рок, кои имаат цел надминување на деценискиот проблем со загадувањето и обезбедување чист воздух и здрава животна средина, соопшти партијата.

Спонзорирано: