23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Во соседството пуштаат автопати, а Заев една година не може да го пушти автопатот Скопје – Штип

„Република Србија го заврши Коридорот 10 низ најтешката траса по целата негова должина, а Зоран Заев во Владичин Хан се радува на успешните потфати на нашите соседи. Очекувано е секој возач и патник што ќе го користи Коридорот 10 да се радува на новото автопатско решение, но Заев е премиер и зема плата од граѓаните на Македонија, не само да се радува на туѓите успеси туку и да сработи нешто за што е платен“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, додека во соседството пуштаат автопати, Заев една година не може да го пушти готовиот автопат Скопје – Штип, кој беше завршен од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„На Заев му требаа месеци за да договори трубачи и да го пушти завршениот автопат Демир Капија – Смоквица направен во време на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од Заев, лидерите на земјите од регионот забрзано работат за нивните граѓани и држави. Работата е непознат поим за Заев. Тој не ја практикува дома, затоа и оди во странство да види како изгледа ефектот од неа.
Заев е скаран со зборот инвестиција. Тој и неговата неспособна влада за првите три месеци оваа година реализираа само 6 отсто од годишно предвидените капитални инвестиции. Зоран Заев за разлика од лидерите на другите држави во регионот и Европа е синоним за корумпиран неработник и неспособен. Државата само тоне со Заев, затоа и треба да си замине. Граѓаните ја чекаат металата на Заев, која ќе ги измете него и целата негова влада“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: