Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Загина тракторист од Зубово откако шипка од пластеник се откачила и го удрила в глава

Во струмичкото село Зубово во попладневните часови на 18 мај се случил инцидент во кој загинал 66-годишен тракторист.

Според пријавата во МВР, 66-годишникот од Зубово со трактор работел во нива под пластеници, кога една метална шипка од пластеникот се откачила и го удрила во задниот дел на главата, по што починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +