10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZИЗБОР

Прва реакција на Тамара: По 7 години Македонија е повторно во финале, клетвата е скршена

По седум години безуспешни обиди, нашата претставничка на Евросонг, Тамара Тодевска ни обезбеди влез во големото финале кое ќе се одржи на 18-ти мај во Тел Авив. Со песната ,,Proud” таа се пласираше во финалето на музичката манифестација, а нејзината првична реакција за,,Фокус” е дека е пресреќна, но и горда што ,,клетвата”, односно лошата среќа на Евросонг конечно, по седум години е скршена.

-Ви благодарам за поддршката и љубовта! Вечерва пеев за сите нас! Горда сум на целиот тим. Покажавме дека со тимска работа и многу љубов се е можно. Клетвата е скршена! Македонија по седум години повторно е во финале! Ве сакам – изјави за ,,Фокус” Тодевска од Тел Авив

Спонзорирано: