Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Нови, XL пакувања од Жито Лукс

Омилените лебови на парчиња од Жито Лукс штотуку станаа побогати со новите XL-пакувања, со поголема димензија на парчињата, совршени за подготовка на уште поголеми вкусни и свежи сендвичи. Новите производи го имаат истиот состав, добро познат вкус и квалитет по кои е препознатлива компанијата, а се достапни во пакување со поголема тежина, од 500 грама.

„Новитетот е резултат на долгогодишната заемна доверба и на посветеноста на потребите на нашите потрошувачи на кои секогаш се трудиме да им дадеме повеќе отколку што очекуваат. Сега омилените вкусови белиот и `ржаниот леб се достапни во нова, XL-димензија со поголеми парчиња, практични за припрема на поголеми сендвичи “, изјавија од Жито Лукс.

Жито Лукс постојаното пласира нови иновативни производи, со кои ги следи најновите трендови во исхраната и одговара на различните потреби на потрошувачите. Создавањето на XL-парчиња леб е дел од оваа заложба. Двете нови XL пакувања се придружуваат на веќе добро познатата линија на лебови на парчиња.

Со повеќе од 70 години постоење и доверба укажана од консументите, Жито Лукс е компанија за која иновативност и постојано подобрување претставуваат традиција.

Во тренд…