Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Се согласуваме со ДУИ дека функционерите треба да подлежат на тест за наркотици

ВМРО-ДПМНЕ се согласува со ДУИ дека носителите на јавни функции треба да подлежат на тест за наркотици. Ова го изјави портпаролот на најголемата опозициска партија, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање.

„Апсолутно дека се согласуваме. Практично ние тоа и го побаравме вчера. Се согласуваме, мора да се расчистат сите дилеми околу консумирањето на такви наркотични средства, како што во јавноста излезе случај со пратеникот Пaвле Богоевски, којшто е носител на јавна функција и е гласан од граѓаните, односно поддржувачите на СДСМ на тие избори“, изјави Арсовски.

Претходно, Артан Груби од ДУИ најави дека ќе поднесат иницијатива за таканаречен „ветинг“, односно контрола за секој пратеник или функционер којшто врши јавна дејност, како што се судии и обвинители, за контрола во врска со користење наркотици, но и учество во криминал и корупција.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +