Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев и СДСМ го уништија земјоделството

Владата на Зоран Заев и СДСМ го уништија земјоделството, реагира опозицијата по соопштението на СДСМ, од каде претходно јавија дека е забележан раст на откупот и продажбата на земјоделски производи.

„За негрижата на владата најдобро говори фијаското со откупот на раноградинарските производи, праските, зелката, грозјето, сливите јаболката, а најново и проблемите на оризопроизводителите.

Оваа власт покажа дека не се грижи за потребите и проблемите на земјоделците. Земјоделството во Република Македонија тоне како и се останато, ова е уште еден од низа докази дека Заев мора што поскоро да си замине“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Груевски добил унгарско државјанство, објави „ВиСквер“

C +