Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка несреќа во Кочани: Се излизгал и испревртил со тракторот

На 15.05.2019 година во 11.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на некатегоризиран пат од правец на с.Зрновци кон браната „Зрновска река“, поточно кај местото викано „Бузовачки дол“, атар на с.Зрновци, поради лизгање на земјиште од патот дошло до превртување на трактор со приколка, управуван од Ѓ.С.(38) од с.Зрновци. Притоа, Ѓ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК

ФАЛСИФИКУВАНА ИТАЛИЈАНСКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА ТАБАНОВЦЕ – Кривична пријава против државјанин на Албанија

ДЕСК