10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична против сопственик на фирма кој не пријавил данок од 2 милиони денари

Сопственик на приватната фирма „Силвер медиа центер“ од Скопје преку даночно затајување го оштетил државниот буџет за околу 2 милиони денари, соопшти финансиската полиција. Против сопственикот и управител на фирмата поднесена е кривична пријава.

„Лицето А.Ч., кој во својство на сопственик и управител на второпријавениот правен субјект ‘Силвер медиа центер’ ДОО Скопје, во текот на 2018 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и правниот субјект, по основ за искористени услуги web marketing и digital media services од странски правни субјекти, примил влезни девизни фактури и извршил плаќање парични средства во девизи кон банкарски сметки на странски правни субјекти во вкупен износ од 20.188.240 денари, при што спротивно на член 29-б од Законот за данок на добивка за 2018 година не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на задршка на приход исплатен на странски правни лица по даночна стапка од 10 отсто од 2.018.824 денари, за кој износ е општетен буџетот на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на финансиската полиција.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

C +