23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да се одмори, и тоа по можност на подолго време

Заев треба да се одмори, и тоа по можност на подолго време. Барем додека Македонија не застане на нозе. Заев треба да ги одмори граѓаните и Република Македонија од него, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, 500.000 граѓани кои живеат на прагот на сиромаштија, земјоделците кои го фрлија произведеното на буниште, изрекетираните бизнисмени, луѓето кои не можат да најдат лекови во аптеките и граѓаните кои се плашат за својата безбедност поради сè поголемата стапка на криминалитет посакуваат одморот на Заев да му биде на неопределено време и истиот да не се врати на позицијата премиер.

„Додека Заев си се вози на својот луксузен мотор сè повеќе млади ја напуштаат државата и трајно се иселуваат. Според податоците на германската амбасада, истата годишно издава околу 20.000 работни визи. Слични бројки имаме и од другите развиени држави. Тоа се главно млади луѓе кои не гледаат перспектива во Македонија. Младите, кои беа лажени од Заев, сега се најголема жртва на неговата неспособност.

Апатијата владее во целата економија. Граѓаните имаат сè помалку пари, а Заев и министрите се шетаат и луксузираат во соседството, Дубаи и Западна Европа. Додека државата плаќа возила и обезбедување да го следат Заев во неговите лудории, земјоделците од Преспа ги фрлаат јаболката на буниште. Како премиер наместо да трошеше и да се расфрлаше на луксуз со државни пари, можеше да го откупи производството на јаболкарите, кои очајно сечат дрвја и се откажуваат од за нив единствениот извор на егзистенција.Граѓаните не гледаат излез од кризата во која нè втурна Заев. Iзлезот од хаосот ne може да биде самиот Заев. Тој е причината на проблемот и мора да си оди. Колку побргу, толку подобро”, се додава во соопштението.