Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

РКЕ најави голема измена: Нова цена на бензинот и дизелот

РКЕ – Регулаторна Комисијата за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија денеска ќе одржи подготвителна седница.

На подготвителната седница на РКЕ ќе се разгледува Предлог-текст на правила за пазар на природен гас.

Од утре граѓаните новите цени ќе ги добијат преку бензиските пумпи, со оглед дека продажбата на нафтени деривати се либерализира.

Мандатот за утврдување на цените на дериватите истекува во понеделник на полноќ кога истекува договорот со ОКТА според кој функционираше старата методологија за утврдување на цената.

Засега нема информации дали би имало промена на цените на горивата и колку тие ќе чинат.

Сепак старата практика за утврдување на цените на нафтените деривати од Регулаторна комисија, најверојатно ќе се врати по една недела, кога се очекува Претседателот Стево Пендаровски да ги потпише одлуките на парламентот во врска со Законот за енергетика.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ – Цената повеќе нема да биде единственото мерило при изборот

ДЕСК

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК

Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб – договорена соработка за геотермална енергија

ДЕСК