Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Врнежи, па викенд-стабилизирање, а од недела вистинско невреме со обилен дожд, грмежи, ветер и силен град

Денеска и во петок во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи.

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање со повисоки дневни температури. Од недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која ќе предизвика нестабилно време со обилни врнежи од дожд, локално во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Прогноза за 10.05.2019
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 18°С до 25°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне со локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 11.05.2019
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 20°C до 27°C
Претежно сончево и топло.

Прогноза за 12.05.2019
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 23°C
Променливо облачно, попладне со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

C +

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

C +

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +