20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Детали за страшната сообраќајка кај Крива Паланка, почина едно лице

Во тешка сообраќајка која што се случи во средата попладне на патот Куманово – Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир, почина едно лице.

Несреќата се случила при судир на патничко и товарно возило, кај местото Пашина Воденица, во атар на село Крклја, Крива Паланка.

Камионот марка мерцедес се судрил со опел корса, при што едно лице загина, а две се повредени.

Несреќата се случила околу петнаесет часот во средата, а од МВР најавуваат повеќе информации за утре.