Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Времето се менува, следува уште поголемо невреме – Синоптичарите излегоа со прогноза за тоа што ќе се случува од недела

Од недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која ќе предизвика нестабилно време со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Инаку, времето денеска е променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови, каде на места ќе достигнува брзина над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени.

Утре изутрина ќе биде студено, на места со негативни температури, а преку денот сончево и потопло. Во наредните два дена ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи, а во сабота ќе настапи преодно стабилизирање со повисоки дневни температури.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Не ги прифаќам нападите дека законот за високо образование има престроги критериуми, а притоа немаме универзитет кој не е во ниту 2500 најдобри

ДЕСК

Николоски: После 20 години, за прв пат овозможивме полагања за стручни испити за капетан и бродски персонал. Креираме мерки за поголема безбедност во пловниот сообраќај

ДЕСК

„Имав високопрофилни непријатели“ – Ристоска со силна порака по оставката

ДЕСК