Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Русија е најголем купувач на злато во светот

Централните банки во светот во првиот квартал од оваа година го купија најголемиот износ на злато во последните шест години, шти што Русија обезбеди водечка позиција бидејќи настојува да ја намали зависноста од доларот.

Глобалните резерви на злато се зголемија за 145,5 тони од почетокот на годината до крајот на март, што претставува пораст од 68% во споредба со истиот период лани, пренесува Капитал.ба.

Според последниот извештај на Светскиот совет за злато (WSG), ова е најголемото зголемување на глобалните резерви од 2013 година.

Централната банка на Русија во првиот квартал во своите трезори додаде 55,3 тони злато, со што нејзините резерви достигнаа до 2,168.3 тони. Кина го освои второто место, со оглед на тоа што купи 33 тони злато во првиот квартал.Во декември минатата година, Пекинг повторно почна да купува злато по повеќе од две години пауза.

Еквадор, Турција, Индија и Казахстан исто така значително ги зголемија резервите на злато. Русија во моментов е петта во светот според резервите на злато.

Можеби ќе ве интересира

Барел нафта повторно премина 112 долари

ДЕСК

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК

Високите цени на дизелот закотвија половина од холандската рибарска флота

C +