5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Циклонот дојде во Македонија: До утре невреме, а од вторник драстичен пад на температурите – се враќа и снегот

Од денес кон крајот на денот до понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2), проследени со грмежи, силен ветер, а ќе има и услови за појава на град.

Во понеделник кон крајот на денот и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите и ќе има услови за провејување на слаб снег на повисоките планини.

Прогноза за 06.05.2019
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 14°С до 23°C
Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Прогноза за 07.05.2019
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 18°C
Променливо облачно и свежо со засилен северерозападен ветер. Во утринските часови на повисоките планини можно е да провејува слаб снег.

Прогноза за 08.05.2019
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 15°C до 23°C
Сончево со мала до умерена облачност. Утрото студено, а преку денот потопло.