19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Масовна излезност во затворите, гласале дури 74 отсто

До 19 часот, во затворите гласале 74,13% од запишаните гласачи, кои на број се 1.640. Гласањето поминало непрекинато и без проблеми.

Во единствениот центар за внатрешно раселени право на глас имаа 7 лица.

-На овие претседателски избори првпат гласаа гласачи во два старечки дома во Скопје, а од 71 гласач, правото на глас го остварија 65, односно 91,54%, рече Љупка Гугучевска од ДИК.

Избирачките одбори беа одговорни за гласањето на болни и немоќни или лица во куќен притвор.

-Во своите домови, гласачкото право го остваруваат 4.407 граѓани кои се пријавиле како болни и немоќни и 12 кои се пријавиле како лица во куќен притвор, објасни Гугучевска.