Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Папата Франциск утре во посета на Бугарија

Папата Франциск утре ја почнува посетата на Балканот во текот на која ќе ги посети Бугарија и Северна Македонија. Ова е прва посета на поглавар на Римокатоличката црква на нашата земја.

Папата утре прво ќе пристигне во Бугарија каде што ќе остане два дена. Бугарската православна црква нема да учествува во официјалниот католичко-православен дијалог, а нејзини претставници претходно рекоа дека нема да учествуваат во заедничките служби или молитви со папата.

Се очекува папата да се сретне со патријархот на Бугарската православна црква Неофит и дека заедно со високи членови на Синодот ќе посетат православен храм, но ќе се моли сам.

Во соопштението на Светиот синод на БПЦ се наведува дека Црквата не дала благослов на свештениците да учествуваат во други настани поврзани со посетата на папата, како и дека забраната се однесува на патријаршкиот хор.

Папата утре ќе зборува и пред политичари и дипломати во Софија. Попладнето тој ќе одржи миса на плоштадот во центарот на Софија. Во понеделник папата ќе посети бегалски камп, а потоа во малото гратче Раковски ќе даде Прва причест.

Во вторник, папата ќе пристигне во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК