Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Скопјанец со автомобил излетал од патот и удрил во дрво во Автокоманда

Дваесет и петгодишен жител на скопско Арачиново со автомобил излетал од патот и се забил во дрво. Несреќата се случила вчера на булеварот во Автокоманда, а возачот здобил тешки телесни повреди.

Вчера во 11 и 20 часот во полиција било пријавено дека на булеварот Александар Македонски автомобил „сеат ибица“ со скопски регистерски таблици, управуван од А.А.(25) од село Арачиново, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак, а потоа и во дрво.

Во незгодата А.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК

НЕДОРАЗБИРАЊЕ ПРЕРАСНАЛО ВО ТЕПАЧКА – Инцидент во скопска Кисела Вода

ДЕСК