Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопје: 12 сообраќајки, еден тешко повреден

Во текот на изминатиот ден (02.05.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека еден возач управувал возило со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и три возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 10 мандатни платни налози и осум возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а девет лица поминале со телесни повреди.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

C +