13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Претседателот на ЕБОР доаѓа во Скопје

Претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти, на 6 мај во Скопје ќе се сретне со владини претставници и претставници од бизнис заедницата, за време на регионалната посета на Западен Балкан, која доаѓа како подготовка пред Годишното собрание на ЕБОР, кое се одржува следната недела во Сараево.

Чакрабарти ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски, пред да го посети Скопје Сити Мол, првиот шопинг центар финансиран од ЕБОР во Северна Македонија.

„Претседателот на ЕБОР, ќе ја потврди посветеноста на Банката во однос на натамошните инвестициите во земјата и на Западен Балкан. Ќе ја истакне и позицијата на Банката како стратешки партнер на Северна Македонија, која до денес е водечки институционален инвеститор со 1.9 милијарди евра евра во 150 проекти. Банката со своите активности во Северна Македонија се фокусира на поддршка на конкурентен развој на приватниот сектор, зајакнување на безбедноста и одржливоста на енергијата, како и поддршка на поврзувањето и регионалната интеграција“, се вели во соопштението од ЕБОР.

Минатата година ЕБОР ги интензивираше активностите на Западен Балкан, инвестирајќи над 1.1 милијарди евра во 67 проекти. Банката планира да го задржи или за нијанса да го зголеми нивото на досегашните регионални инвестиции.

Можеби ќе ве интересира

ИНОВА И ССК со ново партнерство кон зајакнување на македонскиот еко систем

ДЕСК

Добра вест: Поевтинуваат горивата

ДЕСК

Објавена листа на должници со имиња на фирми и луѓе – кој колку должи за данок кон државата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.