Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на средба со претставници на Ромската заедница во организација на иницијативата „Аваја“, во своето обраќање меѓу другото истакна дека масовно присуство на младите луѓе е доказ дека Ромите ги препонале можностите што ги нуди процесот на реформи и интеграција на. Тоа, рече Пендаровски, е најдобриот начин сите заедно да се бориме за ромските права.
„Главно мото на мојата кампања е Заедно напред. Двата збора имаат големо значење. Напред не можеме да одиме не како поединци, туку сите заедно, не само една етничка заедница, една фамилија. Напред може само сите заедно или нема да има среќа за никого. Имаше време кога важна беше само една етничка заедница, една партија, една фамилија, паметиме и време на конфликти, но тоа не носи добро за никого. Сега имаме добра политичка рамка, проблемот за ромската заедница е отсуството на политичката култура на сите нас, да не важи законот за едни а за други не. Јас и како човек сакам да имаме едно општество за сите, сите да имаме еднаква стартна позиција. Во мојот Кабинет ќе има припадник на Ромската заедница, ќе има припадник од секоја етничка заедница. Ќе ги поддржам сите политики на оваа Влада кои ќе носат унапредување на вашите права и нема да потпишам указ на ниту еден закон, кој ќе води кон дискриминација на Ромите или на друга етничка заедница“, рече Пендаровски.
За секој политичар е недозволиво, посочи Пендаровски, за ромските права да се говори само на Денот на Ромите. Тој ден ќе го почитуваме, но треба и сите 364 дена да работиме и да ги унапредуваме. Затоа очекувам во недела, на 5 мај и Ромите и како и Македонците, Албанците, Србите, Турците, Власите и сите останати да дадат масовна поддршка за коцептот што води напред и да гласаат за број три да продолжиме кон ЕУ и НАТО како едно општество за сите, порача Пендаровски.