Centar.mk
БИЗНИС

Премиерот Зоран Заев со супер вест за скопјани: Се намалува ДДВ за парното, од 18 на 5%

Го намалуваме ДДВ за парно греење од 18% на 5%, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук.

– Секое семејство, приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за околу 220 денари месечно, што е годишна заштеда од скоро над 2.600 денари.

Со оваа мерка сакаме да ги мотивираме граѓаните да не се исклучуваат од системот на централно парно греење во Скопје, а верувам дека ќе биде причина и да се вратат дел од оние 14.000 семејства кои се исклучиле од 2012 година до сега. Во исто време очекуваме да се приклучат нови 10.000 домаќинства.

Системот на парно греење нуди и најголема енергетска ефикасност, односно има најмала емисија на јаглерод диоксид, а се надеваме дека во скоро време сите граѓани на Република Северна Македонија ќе имаат можност да се приклучат на греење на гас.

Со ова сме чекор поблиску до остварување на целта – заштита на животната средина и повеќе пари за граѓаните, вели премиерот.

Можеби ќе ве интересира

Ќе продолжи ли проектот “Мој ДДВ”? На секои три месеци државата троши по 14,5 милиони евра

ДЕСК

УЈП со важно соопштение до граѓаните и фирмите: Ако сте имале промет од 2. милиони денари треба да се регистрирате како ДДВ обврзник

ДЕСК

До 15-ти јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ Обврзници

C +