Centar.mk
фото скриншот/МВР
РЕГИОН

ЕКСПЛОЗИВНИ НАПРАВИ ФРЛЕНИ КОН ЗГРАДАТА НА „ИНФОРМЕР“ – Приведен осомничен, повреден снимател

Српската полиција привела лице осомничено за фрлање експлозивни направи кон зградата на телевизијата „Информер“ во Белград. По налог на Второто основно јавно обвинителство, на осомничениот му било определено задржување до 48 часа.

Според информациите што ги објавила телевизијата, кон објектот биле фрлени две направи за кои постои сомневање дека станува збор за силни пиротехнички средства. Една од експлозиите се случила во близина на снимател, кој почувствувал здравствени проблеми и бил пренесен во Ургентниот центар.

Надлежните треба да ги утврдат околностите и евентуалната кривична одговорност. Осомничениот треба да биде сослушан во законскиот рок на задржување.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ВО СРБИЈА ЗАПОЧНА ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА – Средби со американски претставници пред формирањето на новата власт

ДЕСК

НАД 71 МИЛИОН ЕВРА ЗА ПЕТ ДЕНА – Грција го објави распоредот за исплати од 16 до 20 ноември

ДЕСК

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА БЕЗ ДОГОВОР ЗА НОВА ВЛАСТ – Политичките услови ги отежнуваат преговорите

ДЕСК