23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска: Макрон и Меркел му рекле на Заев дека не може да биде претседател на Советот за судски реформи

Како да го наречам моментот или денот можеби постберлински момент, сите од Берлин вклучувајќи ме и мене очекувавме добар глас. Но се чини најдобриот глас требаше да дојде или сакаше да го донесе премиерот Заев, или можеби себеси се замислуваше како некогаш Кенеди во Берлин рече дека се чуствува како граѓанин на Берлин. Но што заборави, заборави дека она што му беше соопштено во Берлин не е случајно туку дека беше веќе донесена одлука ние во Македонија одамна знаеме, чуствуваме дека еден од најголемите проблеми е отсуството на независно судство или недостатокот на реформи во судството, порача кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска Давкова.

„Јас со месеци укажував дека ако на чело на т.н. тело за судски реформи стои премиерот реформите нема да стигнат. Зошто самиот тој чин претседателствување со стручно тело од страна на првиот човек на Владата е голем доказ за политизиран и за партизирано судство.

Се разбира моите зборови не предизвикаа никаква реакција или акција, но чинам дека она што јас го зборував му беше кажано на премиерот во Берлин. Најверојатно и од господинот Макрон и од госпоѓата Меркел. Зошто кога се врати дома рече дека нема повеќе да биде претседател на телото за судски реформи. Чинам дека е тоа задоцнета одлука.

Независното судство е клучен услов за демократска држава но и еден од важните сегменти во рамките на очекуваните реформи. Членките на ЕУ особено основачите на ЕУ имаат лошо искуство со земји кои пред нас станале членки на ЕУ но со сериозни проблеми во судството. Се разбира дека ние не треба секогаш да учиме на сопствените грешки, треба да го помниме, да го знаеме, а тоа го знаат се разбира експертите. Искуството на Романија, на Бугарија, меѓутоа премиерот и луѓето околу него беа уверени дека склучувањето на Преспанскиот договор е доволно за да се искористи, да се употреби, да се злоупотреби како алиби во барањето почеток за преговори.

Јас сум уверена дека тоа не е доволно, затоа јас односно ние се повикуваме на владеење на правото и на правдата оти без тој услов нема ни почеток на преговори, нема ни европеизација.

Веројатно почетокот на преговорите или разговорт за почетокот на преговорите ќе биде одложено за на есен. Се разбира дека на премиерот му требаше ветување за почеток на преговори во функција на изборите и на изборниот резултат. А, не во функција на градење на независно судство во Република Македонија.

Тоа е македонската реалност ама тоа е и сериозната порака не само од Франција, од Холандија особено од нив и од Данска, сериозно да се зафатиме со реформи. Факт е дека не само од Берлин туку ид сите страни слушаме дека веќе се уморни оние кои не гледаат нас како идна членка на ЕУ од политичариглумат демократи, кои немаат капацитет за реформи, кои мислат дека е доволно да склучите договор, а за се друго да ви биде заборавено и се надевам дека лекцијата е научена иако искрена да бидам се сомневам во тоа“ рече Сиљановска Давкова.